Резервации на 044 337 350 или овде

За нас

За нас

За нас

Под падините на Шара, во срцето на најголемиот вишнов овоштарник во Полог се наоѓа новиот ресторантски комплекс Електра Гарден. На само 20 минути возење од Скопје Ве очекува нашиот тим на професионални готвачи кои посветено и со голем ентузијазам создаваат нови вкусови кој ќе ви ги разбуди сетилата. Со својот идиличен рустичен амбиент во прекрасна градина на повеќе од 10.000 м2, Електра Гарден претставува место за опуштање и уживање за целото семејство. Со посебен акцент на најмалите, просторот е адаптиран со игралиште, декоративно езеро со фонтани како и пространи тревници каде можат дечињата безгрижно да си играат.

Во најжешките летни денови, свежиот воздух кој патува од падините на Шара дополнително го зголемува ефектот на максимално уживање. Место далеку од градскиот метеж и бучава, направено за Ваше задоволство.

Користејќи најквалитетни намирници од регионот создаваме врвни јадења со природата околу нас и традиционалната кујна како инспирација. Комплетно опремен со италијанска кујнска опрема и професионани готвачи ве каниме да пробате некој од нашите специјалитети каде шумски печурки, шарско сирење,зреен кашкавал, селекција на домашни димени меса, специјално одгледуван зеленчук од нашите соседи за вкусни салати се само неколку причини повеќе зошто треба да го посетите нашиот ресторан.

Ресторанот располага со отворен дел со капацитет од над 150 гости за Вашите родендени, крштевки и други помали веселби. Покрај летната тераса Ви нудиме свечена сала за свадби, семинари и други поголеми настани со капацитет од 450 гости. Со организиран паркинг за повеќе од 350 автомобили дури и со најголемите предизвици се справуваме со леснотија.